СДСМ: Штом отвори уста – лаже, Мицкоски ниту самиот не си верува во сопствените лаги

Од:

„Христијан Мицкоски до толку се внесе во улогата на докажан извор на лажни вести што веќе и не пропушта прилика да излаже, да пласира шпекулации кои немаат врска со реалноста.

Немајќи што конструктивно да понуди Мицкоски мора да измислува, да рециклира стари лаги, да извртува факти и да конструира измислици.

Штом отвори уста, Мицкоски лаже-суши и на јавни настапи но и на мрачни затскирени брифинзи далеку од очите на јавноста која одамна не верува во неговите лаги“, велат СДСМ.

„Нема лице ни пред камери да излезе, за народот да не му ја види пропаднатата лага. Впрочем ниту самиот веќе не си верува на сопствените лаги што секојдневно ги пласира во јавноста.

Политичар кој наместо конструктивност, блокира и кочи, кој наместо факти пласира шпекулации и лаги е политичар осуден на пораз.

Ако Мицкоски мисли дека со штанцање лаги и измислици ќе го прикрие своето деструктивно однесување на штета на граѓаните, тешко се излажал.

Граѓаните одново ќе го казнат и за блокадите и за деструкциите, и за одбраната на криминалот, и за дејстувањето спротивно на државните интереси, но ќе го казнат за сите лаги кои му пропаѓаат како кула од карти“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!