Студентите на УКИМ летово ќе плаќаат 620 денари за маркичката за слободните карти од Јавното сообраќајно претпријатие, соопштија денеска од Студентскиот парламент на Универзитетот „Св.Кирил и Миетодиј“ (СПУКМ).
Преку анкетирање, 15.000 студенти се изјасниле позитивно за кампањата за подостапен јавен превоз за студентите која ја спроведува СПУКМ со секојдневно лобирањето по институциите, стои во соопштението.