ВИДЕО: Нов масакр во САД, напаѓач застрела седуммина колеги на работното место

Од:

Вкупно осуммина загинати, меѓу кои е и напаѓачот, е црниот биланс од последниот во низата инциденти со пукање и жртви во Соединетите Држави, кој се случи денеска во сојузната држава Калифорнија.

Напаѓачот, вработен во контролен центар на јавното сообраќајно претпријатие во градот Сан Хозе, отворил оган и убил седуммина свои колеги. Тој исто така го загубил животот, но полициското соопштение не открива како загинал.

Според полицијата, вработени во транспортното претпријатие се меѓу жртвите, а тие биле меѓу малкуте работници кои оделе на работа секој ден за време на пандемијата.

Пукањето било пријавено околу шест часот и триесет минути наутро по локално време, во делот од депото во Сан Хозе во кој се чуваат возовите за одржување. Објектот бил евакуиран, додаде полицијата.

Властите добиле информации дека во депото има поставено и експлозивни направи, а полициски специјалци ги проверуваат сите простории.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“