Азија предизвикува „експлозија“ во глобалната трговија со оружје

Од:

Армиите на азиските држави трошат повеќе пари за одбрана од САД и до 2021 година предизвикувајќи вистинска „експлозија“ во светската трговија со оружје, соопшти денеска консултанската компанија во сверата на одбраната и безбедноста „Ај Ејч Ес Џејнс“ (IHS Jane’s).

Светската трговија со оружје е зголемена за 30 проценти на 73,5 милијарди долари во периодот од 2008 до 2012 година и покрај економската криза. Тоа се должи на растот на извоз од Кина и побарувачката од земји како што е Индија. Се очекува зголемувањето да биде двојно.

– Расходите за одбрана се поместуваат на исток и во глобалната трговија за оружје се зајакнува конкуренцијата, изјави Пол Бартон од „Ај Ејч Ес Џејнс“ чие истражување опфатило 34.000 програми за купување во сферата на одбраната.

САД има најголем дел во расходите за одбрана во минатата деценија. Но со оглед на буџетските намалување во Вашигтон и со повлекување на американската армија од Авганистан, тоа значи дека САД ќе забележат пад од 30 проценти до 2021 година така што ќе остане Азија, која има 37 проценти во глобалната трговија со оружје.

Воените расходи во азискио-тихоокеанскиот регион, каде што се Кина, Индија и Индонезија, ќе се зголемат за 35 проценти до 501 милијарда долари во следните осум години, додека САД ќе забележат пад од 28 проценти во расходите до 472 милијарди долари за истиот период.

Според компанијата, поради тоа големите западни производители немаат друг избор освен да извезуваат или да го намалат производството.

Се очекува Кина да го зголеми буџетот за одбрана за 64 проценти до 207 милијарди долари до 2021 година, а прогнозите за Индија и Индонезија се дека ќе ги зголемат расходите за 54 односно 113 отсто.

Овие земји тежнеат да создадат своја одбранбена индустрија и да развиваат современо оружје авиони ловци и авиони носачи, а по одреден период да почнат и да ги извезуваат своите производи.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога