Иницијаторите против новиот закон за учебници повторно доставија предлог за референдум

Од:

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска повторно поднесе иницијатива до Собранието за распишување референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за дигитални учебници и наставни материјали во основното и средното образование откако првиот пат иницијативата им беше одбиена како неуредна.

Во текот на вчерашниот ден пред подрачни единици на ДИК иницијаторите собрале околу 300 потписи кои се доволни за да го поднесат предлогот во законодавниот дом.

Претставничката Драгана Спасевска изјави дека бараат директно и непосредно изјаснување на волјата на граѓаните за предожениот закон и се надева дека овојпат иницијативата е во согласност со Законот за референдум и ќе биде прифатена.

Додаде дека во иницијативата се обединети луѓе од различни припадности и дека нема да дозволат, како што рече „непромислен и контроверзен закон да помине во Собранието и да стане реалност во образованието“.

-Ќе се бориме сите заедно и ќе ги користиме сите правни средства за стопирање на постапката за донесување на законот. Сакам да се обратам до сите политичари, европски делегати, пратеници дека ова граѓанското движење односно граѓански глас е против донесување на овој предлог-закон. Доополнително, на сите политичари и на сите пратеници во Собрнието им советувам да го слушнат гласот и да го почитуваат ставот на граѓаните и добро да размислат какви чекори ќе преземат, затоа што на крајот од денот овие граѓани им го дале својот глас за да ги застапуваат во институциите, изјави Спасевска.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска попладне ќе организира мирни протести во повеќе општини во државата и мирен марш во Скопје, кој ќе почне пред Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Влада: Обезбедена е навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

Јаневска: Освен за странски јазици, учебници на 1 септември ќе има и дистрибуцијата веќе почна

Горан Наумовски

Јаневска: Ќе има учебници, освен за странски јазик

Седмоодделенците од септември ќе учат од учебниците што се користат досега

Горан Наумовски

Нови учебници за седмо одделение нема да има до 1 септември, Јаневска вели „Немаме волшебно стапче

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел

Катерина Ѓуровски