Прва седница на новоизбраниот Извршен одбор на СДСМ: Почнуваат подготовки за почеток на постапката за избор на кандидати за локалните избори

Од:

Синоќа се одржа првата седница на новоизбраниот состав на Извршниот одбор на СДСМ каде, како што информираат од партијата се разговарало за повеќе актуелни теми и прашања во интерес на граѓаните, како и за внатрепартиското делување на партијата.

„Извршниот одбор ја усвои Стратегијата и Планот за активности на СДСМ во наредниот период, меѓу граѓаните, на терен, предложен од генералниот и секретар на партијата, Љупчо Николовски и организациониот секретар Мартин Попов.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го презентише економскиот план и пакетот за инвестиции на кој се работи повеќе месеци а направи пресек и на позитивните економски резултати од досега спроведените политики и мерки“, известува СДСМ.

„Напредок и придобивки за сите граѓани, тоа може да го очекуваат граѓаните од Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство. СДСМ постои за граѓаните, ние им служиме на граѓаните. Со сериозен резултат зад нас, и успех во реализираните мерки и политики на централно и локално ниво, СДСМ е фаворит на локалните избори наесен“, рече претседателот на СДСМ, Заев.

Извршниот одбор го задолжи генералниот секретар на СДСМ за организирање седница на Централниот одбор на партијата со подготовки за премин во штабско работање и почеток на постапка за избор на кандидати на партијата за локалните избори. Во рамки на оваа постапка, ќе се спроведе анализа врз основа на мерит системот, реализација на програмите како и неколку истражувања на јавното мислење – анкети.

Членовите на Извршниот одбор на оваа прва седница го избраа Бранирод Михајловски од Битола за претседател на Форумот на пензионери на СДСМ. Форумот на пензионери на СДСМ е ново тело на партијата. СДСМ ги мотивира највозрасните членови да ги искористистат нивните капацитети и искуство, да дадат придонес во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани.

Извршниот одбор донесе одлука за отпочнување постапка за избор на претседатели и членови на секретаријатите на Комисиите на СДСМ.

Комисиите на СДСМ се дел од централниот систем на стручни-партиски работни тела во коишто се вклучени експерти во различни области, со авторитет и одговорност, кои активно учествуваат во креирањето на нови политики на партијата.

Новата политика на СДСМ значи повисок економски стандард, уште поголема грижа за граѓаните, за работниците, земјоделците, за сите, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ние не водиме црна кампања туку ја кажуваме црната вистина која е резултат на политиките на Мицкоски

Горан Наумовски

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво