Уставниот суд на Србија оспори 22 одредби од законот за надлежностите на Војводина , меѓу кои и таа дека Нови Сад е главен град на покраината и дека Војводина може да основа свое претставништво во Брисел.
По ваквата одлука на Уставниот суд, Нови Сад останува административен центар и седиште на органите на покраината.
Судот ги оспори и одредбите со кои покраинските власти имаат одлучено „поблиску“ да ја уредуваат употребата на службениот јазик и писмото на националните малцинства„
Поништена е и одлуката дека Војводина има право да основа јавно претпријатие за управување со Национаониот парк Фрушка Гора.
Уставниот суд одлучи и дека укинувањето или соединувањето на единиците на локалната самоуправа е само во ингернеции на Републиката Србија.
Лигата на социјалдемократите на Војводина, по укинувањето на речиси сите одлуки, ја повика владата на АП Војводина да ги заштити правата на граѓаните , а правдата да ја побара пред Европскиот суд за човекови порава во Стразбург.