Кошаркарот Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, ги сумираше впечатоците по вториот натпревар од серијата од првото коло во НБА плејофот против Феникс санс. Лејкерс победи на гостински терен со 109:102 и изедначи на 1-1.
Токму Дејвис ја презеде вината за поразот на меч.
Ноќеска тој постигна 34 поени, 10 скока и седум асистенции.
– Мораше да победиме во вториот натпревар. Сите во тимот беа свесни за тоа. На крајот успеавме да ја завршиме нашата работа и да ја постигнеме целта. Треба да работиме за подобро да ја контролираме играта и да го одржиме водството, но покажавме дека ќе продолжиме да се бориме во секоја ситуација, изјави Дејвис.
Покрај овој натпревар, ноќеска Бруклин го совлада Бостон со 130:108, додека Далас беше поуспешен од ЛА клиперс со 127:121.