НБА лигашот Денвер го ангажира Брајан Шо за нов тренер кој доаѓа на местото на Џорџ Карл кој беше отпуштен од клубот на крајот од сезоната.
Шо претходните две сезона работеше како помошен тренер во Индијана, а пред тоа шест години беше дел од стручниот штаб на Фил Џексон во Лос Анџелес Лејкерс.
– Во животот треба да се има трпение да се дојде до нешто вредно. Така е и со мојот случај. Конечно добив шанса да водам тим и благодарен сум на Денвер за укажаната доверба, изјави Шо.
Тој како играч има настапувано во седум различни екипи од НБА лигата, а со Лејкерси има освоено и три шампионски трофеи.