Шестото издание на Фестивалот на францускиот филм оваа година за првпат наместо во Охрид како што беше досегашната практика, ќе биде отворено во Скопје. Охрид сепак ќе биде дел од фестивалот со три фестивалски дена, во чии рамки се предвидени проекции на седум долгометражни и три документарни филма од најновата француска кинематографија.
Охридскиот дел на фестивалот ќе биде отворен на 28 јуни со проекцијата на драмата „По мај“ на режисерот Оливие Асајас, во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во рамки на програмскиот дел фокусиран врз аудио-визуелното творештво на регионот Долна Нормандија ќе бидат прикажани три краткометражни филма, и тоа „Светот наопаку“, „На работ“ и „Кабар“, а за првата фестивалска вечер е предвидена уште и проекцијата на долгометражниот филм „Ангела и Тони“ на режисерот Аликс Делапорт.
За вториот фестивалски ден 29 јуни предвидени три проекции на филмовите „Машкуданка“ на режисерот Селин Шјама, „Во куќата“ на Франсоа Азон и „Младешка љубов“ на Миа Хасен-Лов.
Последниот ден на фестивалското издание резервиран за проекцијата на два филма и за прогласувањето на овогодинешниот победник. Прво на програмата е проекцијата на филмот „38 сведоци“ во режија Лука Белво, за фестивалот да биде затворен со биографскиот филм „Последната изборна кампања“ на режисерот Бернар Стора, кому ќе му биде врачена Почесната награда „Златна маска“.