Во Тексас ќе може да се носи оруже без дозвола

Од:

Властите во Тексас одобрија предлог-закон со кој на лицата од 21 година им се дозволува да носат пиштоли без дозвола, или придружна проверка и обука.

Откако ќе биде потпишан законот, Тексас ќе биде 19-та држава во САД што дозволува носење оружје без дозвола. Сегашниот државен закон им дозволува на жителите со наполнети 21 година да носат пиштол ако немаат криминално досие и по завршувањето на потребната обука за добијат добивање дозвола.

Предлог-законот сега се упатува кон бирото на гувернерот Грег Абот за потпишување. Тој веќе најави дека ќе стави потпис на предлог законот. Тексас веќе има некои од најслабите ограничувања за оружје во САД.

Групите за контрола на оружје се спротивставија на мерката, посочувајќи ја историјата на масовните пукања во Тексас, јавија американски медиуми.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија