Европскиот суд ја тера Полска да затвори рудник за јаглен, Полска вели – не може

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска потврди дека Варшава нема да го затвори рудникот за јаглен во Туров, во југозападниот дел на земјата, и покрај одлуката на Европскиот суд тој веднаш да запре со работа.

– Не предвидуваме затворање на рудникот и нема тоа да го прифатиме бидејќи може да го загрози снабдувањето со енергија на Полска, изјави Моравјецки.

Европскиот Суд на правдата во петокот и наложи на Полска веднаш да ја прекине работата во рудникот во Туров, на границата со Чешка и Германија, со кој управува државната компанија ПГЕ.

Чешките власти се пожалија дека рудникот ги користи подземните води на земјата и има негативни ефекти врз локалното население.

Полскиот премиер рече дека неговата земја ќе разговара со соседната Чешка, која побара од Европскиот суд за правда побара одлука за итно запирање на експлоатацијата на отворениот рудник во близина на границите со Чешка и Германија.

Варшава исто така планира да претстави нови аргументи пред Европскиот суд на правдата, со седиште во Луксембург. По одлуката во петокот, случајот подоцна треба детално да се разгледа.

Чешките власти сметаат дека експлоатацијата на тој рудник, кој работи од 1904 година, има негативно влијание врз животната средина на пограничните области, каде локалното население се жали на бучава, прашина и недостиг на вода.

Рудникот за лигнит овозможува снабдување на околу седум проценти електрична енергија во Полска.

Полската државна енергетска компанија ПГЕ, која стопанисува со рудникот, смета дека од него ќе вади јаглен до 2044 година и сака да го прошири од 25 на 30 квадратни километри.

Полска се потпира на јаглен за околу 80 проценти од својата електрична енергија и вработува околу 80.000 луѓе во рударскиот сектор. Сепак, таа вети дека ќе развива обновлива енергија и предвидува постепено затворање на нејзините рудници до 2049 година, со цел да одговори на целите на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази