СДСМ: Спроведовме политики за чување, унапредување и афирмација на македонскиот јазик

Од:

На Денот на сесловенските браќа, просветителите Свети Кирил и Методиј, гордост е да се истакнат политиките на СДСМ за зачувување, унапредување и афирмација на македонскиот јазик како темел на македонскиот иденитет. Македонскиот јазик денеска е признат во целиот свет, потврден во личната карта на нашата татковина во Обединетите нации рече денеска на прес конференција пратеничката на СДСМ Бисера Костадинова Стојчевска.

„Пред 2 години, токму Владата предводена од СДСМ, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик. Во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Годинава, токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонскиот јазик со над 100 илјади зборови. Јазичното богатство е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет, и за неговата автентичност во светската листа јазици. Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување“ – вели Костадинова Стојчевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците