Белоруските власти денеска наредија на авионот на Рајанер кој сообраќал од Грција до Летонија принудно да слета во Минск. По слетувањето на авионот уапсен е еден од главните блогери и активисти на опозицијата.
Полицијата го уапси Роман Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко. Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија.
Авионот летал на релација Атина – Вилнус, се наоѓал во воздушниот простор на Белорусија и скоро стигнал до Литванија кога пилотот бил принуден да го смени правецот.
Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив. При проверката ништо не е пронајдено во леталото.
Според белоруската државната новинска агенција БеИТА, претседателот Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион.
Компанијата Рајанер сè уште не го коментитала инцидентот.