Бислимовски: Од година во година РКЕ се помалку има влијание на цената на електричната енергија

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија во крајната цена на определување на електрична енергија има надлежност за ревидирање на трошоците во 38 % и во тој дел ќе ги преземеме сите законски дозволени мерки да нема зголемување на крајната цена – посочи Марко Бислимоски на он-лине предавањето кое го одржа со студентите од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Објаснувајќи ја методологијата за формирањето на цената на електрична енергија Бислимоски истакна дека доминантен дел од крајната цена ја одредуваат пазарни компоненти врз коишто РКЕ нема влијание, а тоа се цената на електричната енергија што ја набавува универзалниот снабдувач, маржата на универзалниот снабдувач определена на тендер спроведен од Владата и цената на електричната енергија од обновливите извори на енергија.

„Од година во година РКЕ се помалку има влијание на цената на електричната енергија согласно Законот за енергетика. Идејата на либерализација на пазарот на електрична енергија е цената самостојно да се формира, а ние остануваме надлежни за формирање на цени за пренос и дистрибуција, затоа што станува збор за регулирање на природни монополи кои немаат конкуренција и затоа секаде постојат регулаторните тела да определуваат цени и да овозможуваат пристап на трети страни. Кога ќе се спомене цена на струја, очите се вперени во РКЕ, но тоа суштински не е така. Трета година по ред РКЕ не ја регулира цената на електричната енергија произведена во ЕСМ, согласно Законот за енергетика. Компанијата самостојно дава понуда на тендер за набавка на електрична енергија што го распишува универзалниот снабдувач (ЕВН Хоме). Во овој период од годината нас ни пристигаат пресметки од сите енергетски компании и ние детално ги скенираме ставка по ставка, посебно ги гледаме реалните трошоци. Компаниите имаат тенденција да прикажат и трошоци кои не се поврзани суштински со процесот на обезбедување на електрична енергија, но тие не ги прифаќаме. Кога носиме одлуки генерално и за сите цени кои ние ги определуваме, ние не носиме одлука за да ја уништиме или збогатиме компанијата. Ние носиме одлука со која ги признаваме само оправданите трошоци и реалните инвестиции кои гарантираат непречена достапност и го обезбедуваат пропишаниот квалитет на енергенсот. Граѓаните мора да бидат заштитени и ние сме затоа тука“ – посочи Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот

Поскапува дизелот

Пониски сметки за струја во првиот блок, пристап до мрежа од 200 денари ќе плаќаат и оние што штедат

Катерина Ѓуровски

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Трговците ќе можат да не снабдуваат со струја од Косово – Регулаторна комисија потпиша соработка

A1on