Потпретседателот на САД, Џо Бајден ќе ја посети Индија во следниот месец, а цел на посетата е да се засилат билатералните односи, изјави државниот секретар Џон Кери.
Кери кој е во Њу Делхи и учествува не 4-та седница на американско-индиски стратешки дијалог, рече дека Индија и САД се на пат да создадат нови стандарди за соработка.
Според него, за да се поттикне тој дијалог за да се поддржат односите на високо ниво како што треба да бидат, во крајот на јули потпретседателот Џо Бајден ќе ја посети Индија.
Кери го изјави тоа на пред конференција со индискиот колега Салман Хуршид.