Вакцинацијата драстично го намали бројот на новозаболени со Ковид-19 во САД

Од:

Бројот на новозаразени со коронавирусот во САД опаѓа, што шири оптимизам дека вакцинацијата придонесува за намалување на тешките форми на болеста и намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19.

Просечниот број на нови случаи во последните седум дена е под 30.000, а директорката на Националниот центар за контрола на болести, Рошел Валенси, потсетува дека толку мал број нови случаи не е забележан од 18 јули минатата година.

Во пад е и просечниот број на смртни случаи кај ковид пациентите и изнесува 552, што исто така не е евидентирано од јули минатата година.

Експертите потврдија дека масовната вакцинација придонесе за намалување на бројот на нови инфекции, но исто така предупредуваат дека сè уште не се вакцинирани доволно Американци за целосно да се контролира вирусот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден се обидува да ги убеди своите сограѓани да се вакцинираат и ги потсетува дека вакцинацијата е начин за враќање во нормалниот живот.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид