Роберт Левандовски е новиот „крал на стрелците“ во Германија. Го надмина и легендардниот Герд Милер кој речиси половина век го чуваше неверојатниот рекорд од 40 постигнати гола во текот на една сезона во Бундес – лигата. Полскиот интернационалец успеа да го надмине, постигна 41 и тоа во последната 90.минута од дуелот против Аугсбург (5-2) на крајот на сезоната.
„Не можам да верувам. Немам зборови да искажам колку сум среќен. Цел натпревар чекав шанса, се трудев, шутирав, а на крајот постигнав гол во 90. минута“, изјави Левандовски.
Баерн ја освои шампионската титула со 78 бода, седум повеќе од второпласираниот Лајпциг.