СДСМ: Лична асистенција и за деца од 6 до 18 години

Од:

Заложбата за целосна општествена и институционална инклузивност на лицата со попреченост ја преточуваме со конкретни чекори во политики и законски решенија рече на прес конференција Бранислав Бислимовски член на Комисијата за труд и социјална политка на СДСМ.

Драстично го зголемуваме опфатот на лица корисници на услугата лична асистенција. Наместо досегашната граница од 18 години ја симнуваме на 6 годишна возраст. Ова ќе значи дека дополнителни 200 корисници на возраст од шест до 18 години да добијат лични асистенти.Услугата лична асистенција која за прв пат беше воведена во 2018 година, преку Програмата за персонална асистенција за лицата со попреченост за 2018 година. Во 2019 година, личната асистенција е вклучена помеѓу социјалните услуги предвидени со новиот Закон за социјалната заштита. Оваа услуга може да се користи до 80 часа месечно, додека додека поранешни корисници сместени во резиденцијалните социјални институции услугата ќе биде обезбедена до 160 часа месечно, бидејќи на овие лица им е потребна поголема поддршка по излегувањето од институцијата“ вели Бислимовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски