СДСМ: Економските мерки и политики даваат резултати, економијата и платите растат

Од:

Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултат. Сите економски показатели покажуваат нагорен тренд, економијата оди напрд порачуваат во соопштение од СДСМ.

„По цела година, за прв пат вомарт оваа година, во споредба со истиот месец лани, бележиме сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%. Исто така, раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата. Раст од 15,8 отсто бележи и надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто. Континуирано растат и платите. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесувала 28.217,00 денари, што е за 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година. Последиците од коронакризата се надминуваат и во оваа 2021 година предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст согласно економските показатели и очекувања“ – се вели во соопштението од СДСМ. .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците