Од полноќ до 04 часот утрово констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 349 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.