Меѓусебната недоверба на двете главни партии во Албанија фрли сенка врз парламентарните избори во земјата, оценија денеска меѓународните набљудувачи.
– Климата на недоверба меѓу двете главни политички партии го доведе под сомнеж целиот изборен процес, наведоа во соопштение набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Првичните резултати на Централната изборна комисија и даваат значителна предност на социјалистичката опозиција пред досегашната владејачка гарнитура, предводена од премиерот Сали Бериша.
Социјалистите го повикаа Бериша да ја предаде власта, но неговите демократи се уверени во победата.