Филозофскиот филмски фестивал ќе се одржи од 27 мај до 3 јуни

Од:

Со проекција на 40-тина филмови, 50-тина настани и 30-тина домашни и интернационални гости, Филозофското друштво на Македонија и тимот на Филозофскиот филмски фестивал го најавија 11-тото издание на Фестивалот, што годинава ќе се одржи од 27-ми мај до 3-ти јуни во Кинотеката на Северна Македонија.

Филмовите ќе се прикажуваат во кино салата и на отворено, во летното кино „Мирно лето“ во дворот на Кинотеката, додека, едукативната програма и првата меѓународна конференција „Филозофија и филм“ остануваат онлајн.

– Единаесеттото издание на ФФФ е во знакот на „Времето“, времето кое не одминува, времето кое нè одминува, загубеното време, (џепчиња на) пронајденото време, „Големата Пауза“, рефлексиите и медитациите со самите себе, потрагата по насока и ориентација, како индивидуално, така и како човештво – прашања кои сè уште се и ќе бидат со нас. Дали „вајајќи во времето“ во филмот или спознавајќи се себеси како „битие во времето“ низ филозофијата, времето отсекогаш играло клучна улога во обете, седмата уметност и љубовта кон мудроста, стои во соопштението од Филозофското друштво на Македонија.

Фестивалот, како што соопштуваат од друштвото, е поделен на седум сегменти: Официјална селекција на долгометражни филмови, Официјална селекција на краткометражни филмови (двете со натпреварувачки карактер), Ревијална програма: филм-философија, Ретроспектива Тарковски, Едукативна програма, Првата меѓународна конференција „Филозофија и филм“ и Придружна програма.

Почетокот и крајот на Фестивалот ќе бидат во знак на филмовите од Ревијалната програма: филм-философија која што се навраќа на филмски класици во заедничка селекција со гостите, професори и истражувачи, односно оригиналното јадро на Фестивалот.

Фестивалот свечено ќе биде отворен на 27 мај во 20 часот со мини концерт на отворено на џез составот „Јордан Костов Квинтет“, кој ќе се одржи во дворот на Кинотека на Северна Македонија, во летното кино „Мирно лето“. Крајот на 3 јуни, како што велат, очекувано ќе биде означен со доделувањето на наградите.

Единаесеттото издание на ФФФ се реализира во соработка со Филозофскиот Факултет при УКИМ и Кинотеката. Институционални покровители се Агенција за филм, Министерство за култура и Град Скопје. ар/сп/

2021-05-20 15:32:56, од Ангела Рајчевска

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ