Затворен угостителски објект во Аеродром, приведени девет лица

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје во координација Државен пазарен инспекторат синоќа околу 23.10 часот извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, при што утврдиле дека во затворениот дел од објектот има девет лица, меѓу кои и двајца вработени во МВР кои одбивале да се легитимираат.

– Станува збор за Б.Д.(48) и З.Ц.(49), двајцата од Скопје. Тие и останатите седум лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

За настанот бил запознат Одделот за внатрешна контрола при МВР. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он