(ВИДЕО) Ивановска: Новиот кружен тек во Волково реши долгогодишен сообраќаен проблем во руралниот дел од Ѓорче Петров

Од:

„Локалната власт во Ѓорче Петров предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски во континуитет инвестираат во унапредување на сообраќајната инфраструктура во нашата општина.

Во моментот се наоѓаме во село Волково каде е изграден кружен тек кој го реши долгогодишниот сообраќаен проблем на околу 2800 домаќинства или околу 13 000 жители од Волково, Кучково, Орман, Никиштани, како и на голем број граѓани кои транзитираат во овој дел.

Истовремено, започнаа градежните работи за асфалтирање на двете најголеми споредни сообраќаници кои го поврзуваат населеното место Волково со Кисела Јабука, улица 20 и улица 22 Се асфалтира должина од 2, 5 километри со што се олсенува пристапот до домовите на околу 190 семејства“, рече Марина Ивановска, член на ЦО на СДСМ.

„Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и урбаните заедници, градиме за да обезбедиме локален економски развој.

СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура.

Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Продолжуваме со истата динамика во Ѓорче Петров за да биде уште подобро за нашите сограѓани.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, изјави Марина Ивановска, член на ЦО на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника