Повредени двајца вработени во ски центар Маврово, им се превртел четирициклот

Од:

Две лица вработени во Ски ценатр Маврово се задобиле со потешки повреди по пад од кавдрицикл. Од првичните сознанија, тие се движеле по двосед патеката и од непознати причини возилото се првртело.

Според СВР Тетово, вчера утрото (19.05.2021 година околу 09.00 часот) во било пријавено дека во Маврово, поточно на двосед стазата во ски-центарот Заре Лазарески, О.Ц.(54) од Скопје, управувајќи четирицикл, сопственост на ски-центарот Заре Лазарески, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата, тој и сопатникот М.Д.(45) од Битола, двајцата вработени во ски-ценарот, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во медицински установи во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР