Жители на Велешта узурпирале државно земјиште и со градежен шут го загадиле Охридското Езеро

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности и загадување на животната средина и природата, струшката полиција поднесе кривична пријава против 42-годишниот Е.К. и 40-годишниот В.К., двајцата од струшкото село Велешта.

Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското Езеро во Струга, на 3 март годинава ангажирале градежна механизација за насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост.

Притоа, узурпирале 1.372 квадратни метри државно земјиште, а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништивање на трската и на езерскиот биодиверзитет.

Би можело да ве интересира

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он