Австралиец 15 години ја чувал убиената жртва во домот

Од:

Човек од Сиднеј, Австралија, убил крадец кој упаднал во неговиот дом ноќе и 15 години го чувал неговото тело дома. Притоа, убиецот користел повеќе од 70 освежувачи за воздух околу мртовецот.

Истрагата открива дека Брус Робертс го застрелал натрапникот Шејн Снелман за време на обид за грабеж во неговиот дом во 2002 година и го чувал телото во својот дом. Самиот Робертс починал од природна смрт во 2017 година.

Шејн Снелман

Но, телото на Снелман не било пронајдено меѓу купиштата ѓубре во куќата, сè дури околу една година подоцна не биле ангажирани луѓе за расчистување на имотот. Телото било опкружено со повеќе од 70 шишиња освежувачи за воздух што се користеле за потиснување на миризбата, вели вештакот по судска медицина.

За Робертс се вели дека ретко го напуштал својот дом. Таму, пак, биле пронајдени и повеќе од 10 парчиња огнено оружје.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он