(ВИДЕО) Лазаревска: Потписите за референдум се собрани надвор од процедурите, поразите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ги спречи реформите во образованието кои се во интерес на наставниците, на учениците и нивните родители.

Откако им пропаднаа обидите за протести, откако се увиде дека освен нивните партиски членови, никој не ги поддржува, решија да собираат потписи за референдум“, рече Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

„Но, знаејќи дека ја немаат поддршката од граѓаните, потписите за референдум ги собирале на начин спротивен на сите процедури.

Не им е првпат на ВМРО-ДПМНЕ да организираат вакви иницијативи, па случајно да направат вакви грешки, овие грешки сигурно не се случајни, но она што е сигурно е дека граѓаните немаат доверба и поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова пропадна уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира реформите, да ја манипулира јавноста.

Но и покрај сите порази, ВМРО-ДПМНЕ останува на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ги кочат законите важни за граѓаните, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ преку законски решенија го унапредуваат образованиот систем и условите за работа на наставниот кадар“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!