Приведено лице од Виница, при претрес пронајдена дрога

Од:

Полициски службеници го привеле 49-годишниот Г.И. од Виница, кај кого при претрес биле пронајдени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага, медицински игли, шприцеви и други предмети, известува Министерството за внатрешни работи.

– На 18.05.2021 полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.И.(49) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информира МВР.

Како што соопштува Министерството, при претрес во неговиот дом во Виница, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага, медицински игли, шприцеви и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он