Коциќ: Опозицијата кочи закон кој е во интерес на наставниците и стручните соработници

Од:

Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во собраниската комисија за образование и наука, истакна дека треба да се стави крај на злоупотребата на наставници како партиски војници, наведувајќи пример на избркана наставничка во блажена состојба од средно училиште бидејќи не сакала да се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ.

– Доколку и после 10 години, не го промениме ова, проблемот останува, нагласи Коциќ, додавајќи дека има наставници на кои не им се трансформирани работните односи 2 години, но има и наставници на кои не им се трансформирани повеќе од 5 години.

– Зошто го кочите законот за наставници и научни соработници, со кој одредуваме судбини на 5.000 наши сограѓани, се изживувате со луѓето кои бараат парче леб во оваа држава, ги праша пратеникот Коциќ, своите колеги од опозицијата во собраниската комисија за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска