Шест ученици од музичкото училиште од Тетово освоија награди на фестивалот „Полихимнија 2021“ во Скопје

Од:

Шест ученици од Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Тетово се стекнаа со награди за најдобри настапи на шестиот по ред меѓународен фестивал „Полихимнија 2021“ во Скопје. Награди освоија и ученици од основниот и од средношколскиот оддел кои настапуваат на пијано, гитара и виолина.

– Под раководство на наставничката по пијано, Соња Андонов, прво место освои Андрија Нацески од второ одделение, а второ место Матеа Ѓорѓеска, исто така, второ одделение. Прва награда за настап на гитара освоија четвртоодделенците Генти Садики и Суден Шехапи, додека, трета награда освои Грела Зеќири, од второ одделение. Тројцата се од класата на наставникот Стефан Ристоски, информираат од училиштето.

За настап на виолина со менторство на наставник Шкељзен Пајазити, прво место освои Хана Абдулахи, од прва година средно училиште. Хана Абдулахи, исто така, освои прва награда на Меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска