Поранешниот кошаркар на Мајами, Крис Бош, го спореди играчот на Голден Стејт, Стеф Кари, со легендата на Лејкерс, Коби Брајант.
– Начинот на кој играше Стеф во последниот месец од сезоната наликуваше на Коби од 2006 година. Тој фрла неверојатни топки, никогаш не сум видел такво нешто. Тој е мајстор на неговиот занает. Покрај тоа, е целосно несебичен. Игра за соиграчите. Со сигурност можеме да кажеме дека момците сакаат да играат со него, изјави Бош.
Голден Стејт предводен од Кари утре ќе се сретне со Лос Анџелес лејкерс во дуел кој ќе го даде седмиот патник во плејофот од Западната конференција.