Во Индија и денеска најмногу умрени од Ковид-19 во еден ден – 4.529

Од:

Во Индија и денеска е регистриран досега најголем број смртни случаи од последиците на Ковид-19 во еден ден – 4.529, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата на коронаворусот во оваа земја е зголемен на 283.248, соопшти индиското Министерство за здравство.

Само во последните 24 часа се евидентирани нови 267.334 случаи на инфекција.

Индија е втора земја во светот според вкупниот број на заразени, веднап зад САД, со повеќе од 25 милиони регистрирани случаи.

Во последната недела постепено, од ден во ден, се намалува бројот на новозаразени случаи, но стапката на смртност од последиците од инфекцијата е се уште висока, а болниците се преполни со пациенти.

Во тек е вториот бран на заразата што силно ја погоди оваа земја, а поради тоа се забавува и процесот на вакцинација.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати