Можно е бојот на загинати во поплавите во Индија да се искачи над 1.000

Од:

Индискиот министер за внатрешни работи Сушикумар Шинд денеска изјави дека бројот на загинати луѓе во поплавите може да се искачи над илјада.

Тој наведе дека е можно е бројот на жртвите да биде над илјада, колку што загинаа во индиската држава Утараканд.

Армијата утрово ги прекина спасувачките операции откако лошото време ја намали видливоста. Повеќе од 10.000 луѓе се отцепени од светот, а најголемиот број се во градот Бадринат.

Излеаните води на реката Ганг однесоа илјадници куќи, помали згради, автомобили и полесни камиони.

Интензитетот на монсунските дождови, кои врнат веќе цела недела денеска ослабна, но веќе од следната седмица се очекуваат нови обилни врнежи.

Индиската Влада реши да исплати отштета од по 3.400 американски долари на семејствата за секое загинато лице при поплавите и по 840 долари на секој повреден, а вети и помош за семејствата кои ги загубија домовите при оваа елементарна непогода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати