Филипче, Битиќи, Спасовски и Царовска избрани за потпретседатели на СДСМ

Од:

Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски и Мила Царовска се избрани за нови потпретседатели на СДСМ на вечерашниот Конгрес.

Во новиот состав на Централниот одбор на владејачката СДСМ има 120 членови, а за предложената листа, гласале 668 делегати, а шест биле против. Меѓу имињата за членови на Извршниот одбор се и Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска… Тие имаат мандат од четири години.

Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата.

Избран е и новиот состав на Надзорниот одбор, составен од 9 члена.

Досегашните потпретседателски функции ги имаа Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски и Мухамед Зекири.

По речиси три децении на клучни партиски позиции, заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска се повлече од функцијата, а на нејзино место, на предлог на Заев и со 682 гласа „за“ и два „против“, беше избрана актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО