Дополнително вооружување на сириската опозиција може само да поттикне воено решение на конфликтот што ќе биде деструктивно за земјата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Рекацијата на Москва се однесува на резултатите од средбата на „Групата пријатели на Сирија“, одржана во катарскиот главен град Доха.
– Очигледно е дека новото дополнително оружје, кое има ризик да заврши во рацете на терористи, може само да поттикне опозицијата кон воено решение на конфликтот што ќе биде деструктивно за Сирија, наведува Министерството.
Одлуката на меѓународните противници на режимот на Башар ал Асад да ги вооружат бунтовниците ќе ги наруши напорите за изнаоѓање на брзо политичко решение за конфликтот, оценува Москва.