Кремљ нема информации за контакти на поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедбност на САд Едвард Сноуден и руските власти, изјави денеска во Москва портпаорлот на рускиот претседател Владимир Путин.
Дмитриј Песков не ги коментираше повиците на американската Влада Русија да го протера Сноуден кој се очекува денеска да замине од Москва за Куба.
Сноуден пристигна во Москва од Хонгконг. Летот за Хавана е во 14.05 по локално време. Од Аерофлот вчера потврдија дека Сноуден се регистрирал за летот.
Запрашан дали Сноуден се поврзал со руските власти, Песков одговори: Немаме таква информација, воопшто немаме никаква информација за него.