Германија пак собори рекорд – во еден ден вакцинирани 1,35 милиони луѓе

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави дека во средата е постигнат дневен рекорд по бројот на вакцинирани против Ковид-19 во Германија – 1,35 милиони луѓе примиле вакцина тој ден.

Министерот истакна дека новиот рекорд го доведува вкупниот број Германци кои примиле барем една доза на вакцина на 29,8 милиони луѓе или 35,9 отсто од популацијата, додека 8,8 милиони луѓе или 10,6 отсто се целосно вакцинирани со двете дози.

Шпан го оквалификува тоа како „голем чекор напред“.

Претходниот рекорд беше поставен на 5 мај со 1,13 милиони вакцини против коронавирусот дадени за еден ден. Во обид да ја забрза својата програма за вакцинација, Германија минатата недела одлучи да им понуди на сите возрасни вакцини Астра Зенека и од Џонсон и ЏОнсон со што се укинаа претходните ограничувања за возраста. На почетокот на овој месец, Шпан објави дека третиот бран од Ковид-19 во земјата е завршен.

Германија е пред други европски земји како Франција, Шпанија и Полска, но зад Велика Британија, каде повеќе од половина од населението веќе примило барем една доза вакцина против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“