Во страшна сообрќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Подгорица-Колашин, кај манастирот Морача, загинаа 16 Романци.
Со автобусот патувале 46 патници.
„Ова е голема трагедија за Романија. Во несреќа на автобус во кој имало 46 патници, настрадаа 16 луѓе. Екипите на Клиничко-болничкиот центар се борат за животите на другите патници“, изјавил романскиот амбасадорот во Црна Гора, Михаил Флоровиќ.
Во Клиничкиот центар пристигнал и премиерот Мило Ѓукановиќ, кој му изразил сочувство на амбасадорот на Романија. Ѓукановиќ потоа пошол во посета на повредените.