СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со манипулациите кон родители и ученици и шири лажни вести за дигитализацијата во образованието

Од:

„Откако 11 години системски го уништуваше образованието, денес ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите што носат модерен и ефикасен образовен систем.

Затоа оваа партија по секоја цена шири лажни вести и се обидува да манипулира со ученици и родители за партиски цели.

Јавноста знае дека партијата предводена од Христијан Мицкоски, стои зад повиците за бојкот, зад лажните вести за дигитализацијата во образованието и измислиците за некакви провизии и тендери“, соопштува СДСМ.

„Бојкотот на наставата е на штета на учениците затоа учениците и нивните родители, нема да дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски и лукративни цели на ВМРО-ДПМНЕ.

11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно го урнисуваше образованието и со експериментите како Кембриџ програмата и екстерното тестирање остави ученици, кои со своето знаење заостануваат зад своите врсници во европските држави.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на секој напредок, на сé што е во интерес на граѓаните и на државата. Токму поради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, вели СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му