Мексико Сити тоне по 10 сантиметри годишно поради подземното езеро

Од:

Главниот град на Мексико тоне по десет сантиметри годишно бидејќи под него се наоѓа пресушено езеро, тврдат научниците.

– Мексико Сити тоне околу десет сантиметри годишно и тешко дека тоа може да се спречи. Овој феномен е забележан од научниците уште на почетокот на минатиот век, се наведува во заклучокот на студијата објавена во научното списание ЈГР Солид Ерт.

Причина за таквата појава е подземното езеро кое останало без вода, поради што пропаѓањето на градот, изграден на површината, е речиси неминовно.

Некои делови веќе се наоѓаат под површината на пресушеното езеро, а научниците тврдат дека постои голем ризик од испукување на површината, што може дополнително да ја оштети инфраструктурата и да предизвика загадување на останатите резерви на вода.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски