Неколку илјади луѓе учествуваа во демонстрациите во Виена во знак на поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Според податоците на полицијата околу 8.000 лица учествувале во протестот.
Демонстрантите носеле турски знамиња и портрети со турскиот лидер.
Протестите во Турција почнаа пред три недели по бруталната интервенција на полицијата против група еко-активисти, кои протестираа против градењето на паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул.
Полека протестите прераснаа во израз на незаводолство против политиката на премиерот Реџеп Таип Ердоган.