Европската комисија прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,7 проценти

Од:

Економското опоравување на Северна Македонија, кое нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ја погоди домашната и странската побарувачка, во текот на 2021 и 2022 година, се очекува да добие цврста основа. Реалниот раст на БДП во просек би изнесувал 3,7 отсто, а во 2022 ќе биде 3,8 проценти. Надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст. Јавните финансии се предвидува да се подобрат во согласност со економското закрепнување и постепеното укинување на фискалната поддршка.

Како што брифираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, додека закрепнувањето се очекува да се забрза во текот на годинава, што се должи главно на домашната побарувачка, производството се очекува да ги надмине вредносите од предкризниот период дури следната 2022 година.Со понатамошно укинување на мерките за ограничување, трошоците на домаќинствата се предвидува да се зацврстат со зголемена брзина во 2021 и 2022 година, поткрепени со понатамошно зголемување на платите, зголемување на вработеноста и заживување на дознаките.

Во делот на очекувањата во инвестициите, како што истакна на средба со новинари Фрек Јанмат раководител на економски оддел во Делегацијата на ЕУ во Скопје, се очекува тие да бидат поттикнати со барем делумно реализирање на амбициозните планови на Владата да инвестира во патна, железничка и комунална инфраструктура. Закрепнувањето на странската побарувачка, особено од Германија и Кина, поддржано од обновување на синџирите на снабдување, според него, го поттикнува растот на извозот. Сепак, надворешната рамнотежа веројатно ќе го намали растот во двете години, како резултат на силната побарувачка за увоз, како одраз на зголемената домашна побарувачка и извозното производство зависно од увозот.

Кога станува збор за пазарот на трудот, се оценува дека тој се покажал отпорен во текот на целата година, поради владини субвенции за плати и придонеси. Загубите на работните места останаа ограничени, но растат секој квартал, а работната сила се намалува последователно. Со заздравувањето кое се зацврстува во 2021 година, и ако владината поддршка за работодавачите и работниците продолжи барем оваа година, како што е предвидено во петтиот владин пакет усвоен од Парламентот во април, вработувањето, се посочува, најверојатно ќе расте со забрзано темпо во однос на прогнозата.

Проценката е и дека се зголемува притисокот врз потрошувачките цени како резултат на инфлацијата. Имено, таа се зголеми во втората половина на годината, водена од растот на цените на храната, горивата, вклучително и повисоките акцизи за нафтените производи и законскиот пораст на цената на електричната енергија во август. Додека зголемувањето на цените на храната се очекува да се смири, основниот ефект од цените на електричната енергија продолжува во првата половина на 2021 година. Двете, зголемувањето на увозните цени на стоките и засилувањето на домашната побарувачка, како што беше посочено, се очекува да ја одредат динамиката на инфлација.

Нивото на долгот се зголеми, како резултат на големите финансиски барања поврзани со кризата. Јавните финансии се влошија во 2020 година, откако се активираа автоматските стабилизатори, а владата спроведе мерки на дискреција за поддршка во вкупна вредност од околу 3 отсто од БДП. Опоравувањето на даночните приходи во последниот квартал на 2020 година, делумно се должи на приливот на одложени плаќања за данок на доход, а се зголемија и социјалните придонеси од државните субвенции во споредба со претходната година. За да се помогне во финансирање на повисоки трансфери, капиталните расходи беа намалени. Во однос на БДП, тој излезе скоро непроменет од претходната година, од 3,1 отсто.

Во согласност со економското закрепнување, јавните финансии се очекува да се подобрат во текот на прогнозираниот временски хоризонт. Трансферите и трошоците поврзани со кризата за стоки и услуги се предвидува постепено да опаѓаат, додека капиталните трошоци, кои силно ја реализираа својата цел во 2020 година, се очекува значително да пораснат.

-Враќањето на јавните приходи веројатно ќе биде поддржано со постојани подобрувања во управувањето со јавните финансии, како што е спроведувањето на Стратегијата за реформа на даночниот систем, усвоена од Владата во декември, што може да ја зајакне мобилизацијата на приходите. Додека Владата планира да се врати на фискалната консолидација од 2021 година, таа не претстави конкретни мерки за поткрепа на ова. Сè уште високите фискални дефицити и плановите за позајмување во 2021 година со цел да ги надополнат депозитите во централната банка, веројатно ќе го зголемат нивото на долг понатаму, особено во 2021 година, оценуваат од ЕК.

Во однос на ризиците за прогнозираните вредности, се наведува дека неизвесноста за текот на пандемијата може да ги намали очекувањата за порастот, особено во врска со дознаките и автомобилските ланци за снабдување. Негативните случувања што создаваат потреба за понатамошни мерки за поддршка, исто така, ќе предизвикаат ризици за фискалните изгледи. Покрај тоа,се додава, прогнозата за приходите, може да биде оспорена од слабата посветеност на реформите за мобилизација на приходите, како што се плановите за нови намалувања на даноци и изземања од даноци. Од друга страна, брзото спроведување на клучните одредби од новиот закон за органски буџет и спроведувањето на неодамнешниот Акциски план за управување со јавни инвестиции може да ги подобри изгледите.

На новинарско прашање Јанмат истакна дека мерките кои ги презеде Владата за справување со економската криза предизвикана од пандемијата, се слични како и мерките во повеќето земји од ЕУ како субвенционирање на компании, за задржување на работниците, одложување на плаќањето на даноците, субвенционирани каматни стапки за компаниите.

Повеќето од мерките се се уште во сила во повеќето земји, како и во С Македонија, но нагласува забележителен е трендот на нивно постепено напуштање како таму и овде, што е вели, поврзано со фискалните консидерации. Пред се, тоа е поврзано со растот на јавниот долг кај сите земји, што ќе претствува товар за следните генерации оти долгот мора да се врати. Она што би помогнало во забрзано опоравување е, нагласува Јанмат, процентот на вакцинирано население, по примерот на Британија, што ќе овозможи побрзо враќање на стопанството во нормала, особено на туризмот, хотелиерството, рестораните… што исто така може да го стимулира економскиот раст.

Во однос на инфлацијата, вели секоја Влада сама ги одредува мерките за зачувување на куповната моќ на населението, но ако таа расте побрзо од платите секако ќе ја зесегне куповната моќ.

ЕК четири пати годишно излегува со прогнози за економскиот раст во земјите кандидати за членство и во земјите аспиранти за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко

Горан Наумовски

Вархељи за пакетот за проширување: ЕУ го задржа и зајакна моментумот на проширување во текот на 2024 година

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Европската Комисија: Стратегиската насока на Србија е под знак прашалник

Горан Наумовски

МЕП: Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија

Горан Наумовски