ВИДЕО: Пожарникари спречија да изгори зграда од догорче од цигара

Од:

Пожарникарната единица спречи пожар во кој постоеше опасност да изгори зграда во населбата Кисела Вода спроти станбениот објект на „Адора“. Причината за пожарот, според нив, е фрлено догорче од цигара, од кое се запалила сувата трева покрај оградата и огнот почнал бргу да се шири кон зградата и околните дуќани. Соседите повикале противпожарна екипа, која навреме се справи со огнот.

„Според кажувањата на луѓето во овој дел, случаен минувач фрлил неизгасена цигара покрај оградата и од тоа веднаш избувнал пожар. Нашата екипа излезе на терен со противпожарно возило и тим од пет пожарникари, кои бргу го локализираа пожарот. Ова не е првпат да имаме ваква интервенција, но, за среќа, овој пат имавме дојава навреме и сѐ се заврши без никакви последици“, велат од Противпожарната екипа на Град Скопје.

Сопствениците на околните дуќани, кои беа загрижени за пожарот, велат дека не го виделе човекот што го фрлил догорчето, но и тие потврдија дека ова не е прв случај да избувне пожар од невнимание. Пред извесен период во истата зграда, која подолг период е во изгрдба, избувнал пожар од запалено ќумбе предизвикан од непознати лица, при што бил опожарен првиот кат, но, за среќа, немало повредени бидејќи во неа сѐ уште нема станари.

Би можело да ве интересира

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он