Објавена едицијата „Романи создадени во татковината“ од Божин Павловски

Од:

Во издание на МАНУ и „Матица македонска“ излегоа од печат романите што академик Божин Павловски ги создаде во татковината.

Романот “Миладин од Кина”, со кој на 25 – годишна возраст во 1967 година ја освои сојузната награда “Младост” во Белград, Србија, е проследен со поговор на академик Влада Урошевиќ. Со романот “Дува. Проклетства”, освојувач на Рациновото признание, е приложена обемна студија на академик Гане Тодоровски. Романот “Црвениот хипокрит” награден со “Гоцева повелба” е придружен со есеј на академик Георги Старделов.

Најнаградуваниот роман во опусот на Божин Павловски, “Уткини соседи” (сојузна награда “Железара Сисак” во Хрватска, награди “Стале Попов” и “Кочо Рацин” во Македонија) содржи инструктивен есеј на академик Катица Ќулавкова. Петтиот том од оваа едиција, “Враќање во сказните”, е придружен со есеј на академик Матеја Матевски.

-Со овој потфат МАНУ и “Матица македонска” го заокружија издавањето на собраните романи на академик Божин Павловски во 22 тома (8.624 страници). Во минатите две години беше објавена едицијата “Романи создадени отаде морињата” во 17 тома, проследени со исто толку есеи на угледни книжевни авторитети, наведуваат од Издавачката куќа.

Академик Божин Павловски веќе 33 години живее во Македонија и во Австралија, каде што е претседател на Бордот кој на англиското говорно подрачје, во печатена и дигитална верзија, ги издава двата македонски неделни весника: “Австралиско Македонски Денес” (Australian Macedonian Today) и “Австралиско Македонски Неделник” (Australian Macedonian Weekly).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска