Нишани: Денеска е ден на граѓаните

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани упати апел денешните парламентарани избори во Албанија да минат во слободна и фер атмосфера, без тензии кои би го нарушиле изборниот процес.

– Ова е значаен ден кој им припаѓа на граѓаните и затоа треба да покажеме воздржаност и почит кон законот. Политичките програми се многубројни, но индината на земјата е единствена изјави Нишани, кој со сопругата Одета своето гласачко право го оствари во Тирана.

Тој ги поздрави и упати честитки и до сите оние кои денес гласаат по првпат, споменувајќи го и сопствениот син, кој денес првпат го остварува своето гласачко право.

Гласањето ќе трае до 19 часот. Изборите ги набљудуваат над 8.000 домашни и околу 600 странски наблудувачи, а за безбедноста на изборите се ангажирани 6.200 припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски