Промовирана јубилејната 50-та генерација на дипломирани инженери по машинство

Од:

Јубилејната 50-та генерација на дипломирани и магистрирани инженери на Машинскиот факултет-Скопје денеска беше промовирана во Скопје.

На свеченоста по повод промоцијата на новите 343 дипломирани студенти и 50 магистри се обрати министерот за образование и наука, Спиро Ристовски кој посочим дека Машинскиот факултет основан во 1959 година како оддел на Техничкиот факултет низ својата долгогодишна традиција прерасна во една од водечките високо-образовни институции во Македонија.

– Денес во рамките на Машинскиот факултет егзистираат шест институти и еден оддел кои успешно ја реализираат воспитно образовната дејност и научно- истражувачката работа. Беше меѓу првите факултети, кој изврши комплетна трансформација и адаптација на наставните планови и програми во согласност со Европскиот кредит трансфер систем и Болоњската декларација. Преку Еразмус програмата, пак, постои можност за размена на студенти и наставен кадар и со странските универзитети кои имаат компатибилни наставни програми, рече Ристовски.

Тој посочи и дека преку проектот на Владата, Машинскиот факултет е опремен со четири најсовремени лаборатории, кои на студентите им овозможуваат знаења споредливи со оние на европските универзитети. Со тоа, додаде, се образува квалитетен кадар, кој може да одговори на современите светски трендови.

Деканот на Факултетот, Атанас Кочов изрази задоволство што денеска се промовираат најголем број на студенти во дипломирани машински инженери и магистри во областа на машинството.

– Факултетот во своето 54-годишно постоење постојано произведува кадри што се соочуваат со технолошки предизвици и кои знаат да одговорат на барањата на странските компании, а тоа е потврдено и со фактот дека дел од нив се вработени во нив. Наши диплорани студенти веќе водат странски компании во РМ, но водат и странски компании кои што излегуваат надвор од држвата, а придонесуваат и за општетствено технолошки развој на земјава, рече Кочов.

Досега на Машинскиот факултет во Скопје завешиле 5.415 дипломирани машински инженери и 1.610 дипломирани инженери.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски