Бројот на новозаразени во Индија почна да опаѓа

Од:

Бројот на болни од Ковид-19 во Индија денеска се намали во споредба со вчера и регистрирани се малку над 366.000 нови случаи на коронавирус.

Индија во претходните четири дена имаше повеќе од 400.000 новозаразени на ден.

Во Индија, во последните 24 часа биле регистрирани 366.161 лице со коронавирус, додека 3.754 починале, соопшти Министерството за здравство. Ова е првпат после извесно време бројот на нови случаи да биде помал од 400.000, а бројот на смртни случаи да биде помал од 4.000.

Од почетокот на пандемијата во Индија се регистрирани вкупно 22,66 милиони заразени луѓе, додека 246.116 починале.

Земјата ќе регрутира стотици поранешни припадници на воен медицински персонал за помош на здравствениот систем, соопшти вчера Министерството за одбрана на земјата.

Околу 400 медицински службеници од индиската армија се очекува да служат по договор за најмногу 11 месеци, соопшти Министерството, додавајќи дека и други воени лекари биле контактирани за онлајн консултации.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени