СДСМ: Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика, граѓаните да се пријавуваат за вакцинација

Од:

„Процесот на масовна имунизација против коронавирусот се спроведува со одлична динамика и темпото на вакцинација во државата расте од ден во ден, системот функционира беспрекорно и без потешкотии.

Масовната имунизација освен во Скопје, се одвива и во вакциналните пунктови во Тетово, Битола, Кавадарци, Охрид, Штип и Куманово, а во наредните денови се очекува отворањето на вакциналните пунктови за масовна имунизација во Велес и Прилеп“, велат СДСМ.

„Над 119.000 граѓани се вакцинирани досега во нашата држава. Од нив 21.890 граѓани примиле две дози вакцина против коронавирус. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, односно 256.346 граѓани се пријавиле за вакцинација.

Податоците дека за само еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани и дека над 30% од повозрасните граѓани, односно над 70 години примиле барем една доза, а од ден на ден оваа бројка интензивно расте, се доказ дека процесот на масовна имунизација се спроведува одлично.

Само преку масовна вакцинација ќе изградиме колективен имунитет со кој ќе успееме да го победиме коронавирусот и ќе се вратиме на старите навики во нашите животи. Одговорноста да ставиме крај на коронавирусот е кај секој од нас.

Граѓаните да се пријавуваат за вакцинација, сите вакцини се безбедни, нема контра индикации и нема никакви последици од вакцините. Масовната вакцинација е клучна во градењето колективен имунитет и ставање крај на пандемијата на коронавирусот.

Владата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и нивното здравје“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски